Оптимизирање на кројните мерки

Откако ќе го избере материјалот (декор и дебелина), купувачот својата нарачка ја дефинира со продавачот. Оптимизирањето на материјалите се врши со специјализиран софтвер кој овозможува максимална искористеност на истите. Се одвива на тој начин што се внесуваат димензиите на парчињата зададени од купувачот. Покрај димензиите, се означуваат страните, типот на трака со која се кантираат и други параметри потребни за понатамошна обработка. По извршената оптимизација се печати кројна шема и истата електронски се испраќа на кроење.

Кроење според мерките на купувачот

Се врши врз основа на претходно направената нарачка, т.е. кројна шема и сметка за извршуваната услуга. По извршена уплата, налогот на купувачот се имплементира во кројниот план. Купувачот добива информација за терминот на кроење и кантирање, со точен термин на завршување на налогот. Плочата потоа се крои според шемата, потполно автоматизирано, па на тој начин се елиминираат можните грешки при кроењето. Секое парче по завршување на процесот се етикетира. Етикетата ги содржи сите информации како: димензии, назив на материјал, детали за кантирање и др., со што се овозможува брза и едноставна селекција на парчињата при монтажа.

Нови ЦНЦ УСЛУГИ

  • - Кружно кроење,кроење под агол 45, нут и др.
  • - Гравирање на разни апликации(слики, букви и др.)
  • - Отвори за садопер, плочи и др.

Рамно и Кружно кантирање

  • - Кантирање со (22х0,5) АБС кант трака
  • - Кантирањето со АБС кант трака се врши за дебелини на иверка од 8, 10, 16, 18, 25 и 38 mm.
  • - Кантирање со АБС кант трака со дебелина 1 mm и 2 mm
  • - Кантирањето со АБС кант трака се врши за дебелини на иверка од 16, 18, 25 и 38 mm.

Површински обработки

Покрај другите услуги, ПРО-ДИЗАЈН врши и површинска обработка на материјалите т.е. бушење за клап шарки, перфорирање за полици и друг тип на оков. Бушењето се врши на професионална CNC машина која има можност да направи повеќе бушења одеднаш со голема прецизност.