Претпријатието е основано 2000-та година со главна дејност продажба на високо квалитетни плочести материјали и оков за изработка на мебел од познати светски производители како EGGER, HETTICH, KESSEBOHMER, VIEFE, EMUCA и BLANCO, како и вршење на услуги поврзани со процесот на изработка на мебел и делови од мебел. Благодарение на употребата на најсовремената технологија при третирање на материјалите, ПРО-ДИЗАЈН нуди прецизна и високо квалитетна обработка на истите.

Основни продукти:

Оплеменета и неоплеменета иверица, медијапан, лесонит, кујнски плотни, ОСБ плочи и други материјали, во повеќе од 80 дезени и во различни формати и дебелини.

Дополнително, ПРО-ДИЗАЈН нуди услуги за

  • - Форматирање (кроење според димензии на купувачите)
  • - Право и кружно кантирање со АБС кант трака

НОВО

  • - Кружно кроење, гравирање и други услуги со ЦНЦ обработувачки центар
  • - Планирање и бушење за различен тип на оков
  • - Изработка на делови од мебел (корпуси, фронтови...)